Што е Реиши?

Медицинска габа РЕИШИ (Ganoderma lucidum)

Медицинска печурка со најверојатно најдолг рекорд на терапевтска употреба и една од најпотентните габи е Ganoderma lucidum (сл.1) позната како Ling Zhi (Линг Зи) (духовно растение) во Кина и како Манентаке (10 000 годишна габа) во Јапонија. Овој вид е широко распространет во Северна Америка и Азија. Претставува полипор габа во форма на полица, чија боја може да варира во текот на развојот од портокалово-бела до сјајно црвена во својата зрела фаза. Реиши има легендарна историја на употреба и многу од современите истражувања ја поддржуваат нејзината употреба за различни состојби, од хронични воспаленија, па се до различни типови на рак. Нејзините моќни антиоксидативни и заштитни ефекти врз црниот дроб, помагаат во забавување на процесот на стареење, поради што Реиши е уште позната и како печурка на бесмртноста.
Реиши печурката (Ganoderma lucidum) припаѓа на видот Agaricomycetas од група Ganodermataceae и расте како паразит на дабово дрво, кое е во фаза на распаѓање. Има облик на бубрег со сјајна црвена површина и дрвенеста структура. Родот Ganoderma спаѓа во класата Basidiomycetes.

Останати имиња на медицинската печурка Ganoderma lucidum

Други имиња на оваа печурка се: Reishi (јапонски), Ling-zhi (кинески), Самовилска билка, Манентаке (10.000 годишна билка), Храстова сјајница (српски), Фантомска печурка (заради тоа што многу ретко се наоѓа во природата), Небесна билка, Просветлител на умот.
Името Ganoderma lucidum доаѓа од грчкиот збор ganos – што значи “сјајно” и derma – што значи “кожа”, и латинскиот збор lucidum – што означува ”брилијант, сјај, благосостојба”.

Историја

Историски гледано, Реиши  (Ganoderma lucidum) е опишана како магична билка , симбол на среќата и благосостојбата, позната во народот како “Ruizhi”,”Shenzhi”и “Xiancao”, што во буквален превод би значело добро расположение, виталност и мистериозна енергија.
Ganoderma lucidum (најчесто наречена Реиши ) се користела како животно важен еликсир, кој го поткрепувал здравјето и долговечноста. Овие својства на Реишито се забележани и опишани уште пред 2000 год. во медицинските и фармаколошкитеенциклопедии во Кина од легендарниот истражувач на билки, таткото на агрокултурата и медицината Јан Ди Шенонг-медицинската енциклопедија (Yan Di Shen nong Materia Medica).
Јан Ди Шенонг (Yan Di Shenong- 5000 ПХ) сл.2 бил познат како,,цар на пет зрна,, ( Emperor of the Five Grains). Заради начините на садењето и одгледувањето на билките и растенијата го носел уште и името божествен земјоделец (divine farmer) и бил прогласен за ,,бог на агрикултурата,,(God of Agriculture). Легендите велат дека тој своето знаеање за билките и растенијата го стекнал со постојано вкусување (пробување) на билките, растенијата и плодовите, за да го добие синонимот ,,бог на агрикултурата,, Легендите уште кажуваат и дека тој за еден ден пробувал стотици билки и се среќавал со 70-тина отрови на ден, при неговото истражување. Неговите практични прикази биле опишани во Шенонг Медицинската енциклопедија (Shennong Materia Medica 100 BC). Никој претходно немал направено толку голема истражувачка студија каде биле опфатени 365 медицински билки, поделени во 3 категории според медицинските и несаканите ефекти врз човековото здравје.
Највисоко рангирани по своите медицински ефекти и без никакви несакани ефекти по човековото здравје биле Реиши габите, кои биле поделени во 6 групи според бојата на габите –Cizi - црвени, Qingzhi – сини, Huangzhi – жолти, Baizhi – бели, Heizhi – црни, Zizhi – виолетови.Направена била категоризација и според вкусот и наменатаСлавниот лекар Ли Ши Жен (Dr. Li Shi Zhen) (1518-1593 год.) од династијата Mинг (1368-1644), во својата книга „Голема Енциклопедија на лековити билки“ - (Bfan Chao Gang Moo- Great Pharmacopoeia) ја сметал Реиши габата за најлековита од сите медицински билки, и ја рангирал пред Жен-Шенот (Ginseng) кoj дотогаш важел за билка на долговечноста. Др. Ли ја препорачувал употребата на Реиши печурката, како ефикасен лек во борба против многу болести и напишал дека долгорочното земање на Реиши овозможува создавање на имунолошки здрав организам и здраво тело. Затоа Реиши габата ја нарекол

ЛЕК НА КРАЛЕВИТЕ И КРАЛ НА ЛЕКОВИТЕ

Бројни митови, легенди, песни и поеми прикажувајки ја неизмерната виталност, љубов и добросостојба меѓу луѓето можат да се пронајдат во литературата и уметноста на Кина, а кои се поврзани со Реиши медицинската габа, како симбол за таа состојба.
И денес сеуште се користат овие идиоми на пораки и желби за благосостојба, како “Ji Xiang Ru Yi” (добра среќа и радост),”Ci Fu Jia Xiang”(да сте благословени и среќни),”Zeng Tian Shou Kao” ( да сте благословени и да имате долг живот), “Guo Tai Ming An” ( просперитет во земјата и живот во мир).
Големиот мурал од династијата Минг (1368–1644), Почит кон кралот (Making Tribute to the King во Шанкси (Shanxi), експресија на дворската дама која држи во раката Реиши, како подарок кој како ритуал претставувал почит кон моќта и времето.(сл.3)
За Кинезите, Реиши – Лингзи (Lingzhi) и неговите изведби, Руи- литературно, како една желба, (Ruyi), претставува симбол за среќа, богатство, долг живот, мир и просперитет.(сл.4)
Симболите на Реиши печурките и облаците на среќата (fortunate clouds) и нивните симболски изведби, можат да се видат и на многу локации, згради, храмови, везови, склуптури и други археолошки реликвии. Како најпозната Кинеска склуптура која ја симболизира моќноста на Реиши габата е столбот кој се наоѓа на Тиананмен поштадот во Пекинг (Tiannanmen Square) (1415 год.), каде што се претставени ,,облаците на среќата,,(Fortunate clouds) од реиши габата (сл.5)
Здрав имунолошки систем е основниот предуслов за добро здравје на човекот, долг и квалитетен живот
Имунитет или имунолошки систем претставува одбрамбен механизам на нашиот организам, кој има улога да го заштити организмот од најразлични страни тела кој го напаѓаат,како што се: бактерии, вируси, микроорганизми, паразити и гливични инфекции кој претставуваат закана по нашето здравје. Здрав и силен имунолошки систем не дозволува таложење на токсини во организмот и истите редовно ги исфрла надвор од организмот и ја контролира базноста на телото.
Најголем непријател на имунолошкиот систем се слободните радикали. Слободните радикали ги оштетуваат здравите клетки и ги мутираат, како последица може да се појават на разни заболувања.
Слободни радикали – Многу нестабилни молекули или атоми кој во надворешната орбита имаат еден или повеќе неспарени електрони. Нивните неспарени електрони предизвикуваат одземање или давање на електрони на другите молекули и тоа ги прави високо реактивни. Во организмот имат важна улога бидејки се произведуваат во нормалните физиолошки процеси, како што се процесите за добивање на енергија во клетките во кој доаѓа до реакција на глукозата со кислородот,како би се добила енергија во митохондрите.
Стареењето на кожата е природен процес, кој зависи од временскиот период, генетиката, хормоналниот статус и надворешните услови, како што се кумулативното влијание на UV зрачењето, загадувањето, изложеноста на хемиски средства , алкохолот, пушењето, стресот и неадекватната исхрана каде слободните радикали играат значајна улога бидејки доведуваат до намалување на еластичноста и епидермалната дебелина на кожата. Овој наведен пример е последица од оксидативен стрес.
Оксидативниот стрес е состојба на прекумерно стварање на слободни кислородни радикали, при што доаѓа до губење на равнотежата во стварање на слободни радикали и можноста на разградба во клетките.Последица на оваа нарушена равнотежа се поврзани со оштетување на клетките и невозможноста на истите успешно да ги уништат слободните радикали предизвикува оксидативен стрес, кој може да ги оштети биолошките макромолекули, што предизвикува промена во структурата и функцијата на клетките, ткивата т.е. органите. Оксидативниот стрес игра значајна улога во развојот на диабетесот, мултипле склероза, кардиоваскуларни и инфективни болести, карцином,го забрзува процесот на стареење и други болести на денешницата, како што се автоимуните болести.

Човековиот организам е совршена креација и е створен со развиен имунолошки систем, кој веќе има створена одбрана од многу болести и претставува прв ред на одбрана од инфекции. Вакцините спаѓаат во вештачки стекнат имунитет за многу болести, кој заедно со вродениот имунитет делуваат заедно заради подобра и поефикасна заштита на организмот.
Нашиот имунолошки систем секојдневно е изложен на напади од страни тела, вируси, бактерии, штетни микроорганизми и други инфекции. Динамичниот модерен начин на живеење станува нездрав за повеќето од нас, се конзумира брза храна која изобилува со трансмасти, а производството на храна стана само финансиски предизвик, се произведува храна со намале нутритивна вредност која изобилува со адитиви и подобрувачи на вкус. Стресот е секојдневица и веќе сме навиканати на него, дури и не забележуваме како ни го уништува здравјето.

Избалансирана, правилна исхрана и физичка активност
Избалансираната исхрана е прв чекор кон здрав организам и силен имунитет. Најважно е да се конзумира доволна количина протеини, кој ги зајакнуваат одбрамбените сили на организмот. Најпрвин треба да се избегнува конзумирање на еднолична храна, која е богата со транс масти и рафинирани шекери, бидејки тој вид на храна е главен причинител за повеќето хронични заболувања, заболувања на кардио васкуларен систем и срцето.Мастите не се секогаш штетни и во одредена количина се потребни на организмот за да може правилно да функционира, проблемите се јавуваат кај хидрогенизираните масти(билни масла во кој се пржи храната)

Додатоци на исхраната

Додатоцита на исхраната станаа клучен фактор во зачувување на здравјето и зајакнување на имунитетот.Тие имаат позитивен ефект врз човековото здравје на модерниот и динамичен човек кој не посветува доволно внимание на исхраната и не внесува доволно свежа храна, овошје и зеленчук, но и денес го немаме тој квалитетот на храна со кои би ги задоволиле сите дневни потреби па затоа е неопходно истите да ги внесуваме дополнително. Освен надополнувањето на неопходни витамини и минерали Реишито помага и при...

1 Имуномодулаторно делување на медицинската печурка Реиши
Силен имунолошкиот систем е прв важен услов за здравјето на човекот. Многу болести настапуваат со слабеењето на имунолошкиот систем, се нарушува равнотежата во организмот и се создаваат услови за развивање на разни болести

  • Hepatitis вирусот предизвикува стврднување на црниот дроб и на крајот рак на црниот дроб.
  • Helicobacter pylori вирусот предизвикува чир на желудникот и на крај рак.
  • Human papilloma вирусот (HPV) предизвикува цервикален карцином кај жената.
  • Epstein-barr вирусот (EBV) предизвикува рак на носната шуплина.

Агенси кои го подобруваат функционирањето на имунолошкиот систем на човекот, може да го подобрат здравјето предизвикувајки  зголемена отпорност на организмот, а со тоа и отстранување на малигни или премалигни клетки. Многу производи на G. lucidum се етикетирани и промовирани на пазарот како имуномодулаторни агенси.
Различни компоненти на G. lucidum се покажале во подобрување на пролиферацијата и созревањето на Т и Б лимфоцитите, мононуклеарните клетки на слезината, НК клетките(клетките убијци) и дендричните клетки, ин витро во култури и ин виво во животни.

2 Делувањето на медицинската печурка Реиши како антиоксиданс и при забавување на стареењето
Од сите живи организми, човечкиот организам содржи најмногу антиоксиданси, според тоа човекот би требало да живее најмалку 125 год.
Вообичаено по 40-та година, антиоксидансите се преполовуваат, намалувањето на антиоксидансите во организмот е поради стресниот начин на живеење, средината во која живееме е се позагадена – загаден воздух, загадена вода, зголемено електромагнетно дејствување, стресна работа, нездрава исхрана, лош животен стил и намалена физичка активност. Намалување на  нивото на анти оксиданси – е една од причините за опаѓање на здравственета состојба по 40-та година. Во 20- 30 години не се чуствува многу голема разлика во здравствената состојба, но по 40-та година се појавуваат некои здравствени проблеми кои се резултат на претходно искажаните состојби и средината во која живееме. На 50 год. возраст се јавуваат и други здравствени проблем, а на 60 и повеќе години здравствена состојба се влошува поради рапидното намалување на антиоксидансите во организмот.
Конзумирање на растенија богати со антиоксиданси може да помогне во спречување на рак и други хронични заболувања. Антиоксидансите ги штитат клеточните компоненти од оксидативно оштетување со што се намалува ризикот за мутација и карциногенеза, а исто така ги штитат имуните клетки, овозможувајки да се одржи имунолошки одговор. Различни компоненти на Реиши, особено полисахариди и тритерпени, покажуваат антиоксидативна активност ин витро.
Ои и Лиу објавиле дека протеин врзани полисахариди и полисахарид-пептид комплекси имаат способност да го имитираат ендогениот антиоксиданс Супероксид Дисмутаза (SOD) ин виво во животни кои имаат рак. Заштитниот ефект на G. lucidum во однос на сепарација на ДНА предизвикана од фентон реакција катализирана од метал, УВ зрачење и од хидроксил радикали биле прикажани со електрофореза во агароза гел, ин витро. 
Реиши медицинската печурка содржи повеќе ензими, како Лакасе(Laccase-Lac), Магнесе Пероксидасе (Magnese Peroxidases-MnP), Лигнин Пероксидсе (Lignin Peroxidases-LiP), Протеасе (Proteases),Супер Оксид Дисмутасе (Super Oxid Dismutases – SOD).Со најизразена потентнос е ЅОD, кој го забавува процесот на стареење и делува како антиоксидантна одбрана на сите клетки кои се изложени на влијанието на слободните кислородни радикали. Тоа значи дека SOD ензимот ги претвара слободните кислородни радикали во кислород и помалку токсични соединенија – водород пероксид (hydrogen peroxide).
SOD + OFR (oxigen free radical) →   H2O2 (водород пероксид) + O2 (кислород)
Водород пероксидот е помалку штетен, и тој во понатамошниот процес се претвара во вода со 2-та линија на одбрана – Glutathione Peroxisiaze ( GPX)
GPX + H2O2  H2O (вода) + O2 (кослород)
Анти оксидансот  Superoxide Dismutase (SOD) е ензим кој ги штити клетките од ДНК оштетувања, јонизирани радијациски оштетувања (зрачења), протеински оштетувања и оштетување на липидите   .
Користењето на Реиши медицинската габа на подолг период може значително да го покачи нивото на SuperoxideDismutase, а тоа ќе помогне во борба против нападот на слободните кислородни радикали, ќе го спречи стареењето и ќе спречи многу идни болести вклучувајки го и карциномот. Полисахаридите и полипептидите пронајдени во Реиши медицинските габи можат ефектно да го забават стареењето со следниот механизам: Ја подобруваат ДНК синтезата во нуклеусот (јадрото) од клетката и го зголемува бројот на делби на клетките, што резултира со успорување на процесот на стареење. Регулација на метаболизмот и подобрување на синтезата на нуклеинската киселина и протеините.
Истражувањата покажале дека Реишито ја подобрува синтезата на нуклеинската киселина и протеините во крвната плазма, црниот дроб и коскената срж, затоа ефектно го спречува стареењето. Познато е дека луѓето кои редовно користат производи од  Реиши медицинската печурка изгледаат повитално и помладо.

 Отстранување на циркулаторни блокади

Модерниот и динамичен начин на живеење, изобилува со стрес, намалени физички активности и нездрав начин на исхрана, конзумирајки брза храна без нутритивни вредности и полна со нездрави транс масти. Од тие причини доаѓа до појава на зголемена количина на холестерол и липиди во крвта, при што неможе да се се транспортира кислород и хранливи материи до сите орган, токсините неможат да се исфрлаат од организмот , доаѓа до циркулаторни блокади во целиот кариоваскуларен систем. Ова е состојба на висок крврн притисок,мозочен удар, целосна блокада на срцето и крвните садови  и смрт
Во овој случај, мора да се отстрани циркулаторната блокада, да се подобри циркулацијата, да се изврши детоксификација и да се изгради посилно тело.
Реишито е многу ефикасно во подобрувањето на циркулацијата на крвта. Ги отстрануваат циркулаторните блокади со своите тритерпеноиди и аденозин монофосфатите (amp) и  вршИ чистење на наслагите во крвните садови.

4 Антитуморнo делување  на медицинската печурка Реиши
Ракот претставува светска водечка причина за смрт и покрај сеопфатниот напредок во рана дијагноза на болеста и хемотерапија, и понатаму останува еден од главните клинични предизвици. Како дел од потрагата по нови хемопревентивни и хемотерапевтски агенси, се евалуирани стотици растителни видови, вклучувајки и габи. Ова резултираше со изолација на стотици биоактивни молекули од различни видови на габи, вклучително и Ganoderma видови кои покажале антитуморна активност. Многу полисахариди и тритерпени, двете големи групи на соединенија во Реиши, покажале хемопревентивна и антитуморна активност, како што е докажано со бројни ин витро експерименти и ин виво студии. Сепак доказите од добро дизајнирани човечки студии сеуште се ограничени.
G. lucidum е една од осумте компоненти на билна мешавина наречена “рак на простата-надеж” која е користена како алтернатива во третман на андроген зависен и независен рак на простата. Сепак само мал број клинички студии користеле G. lucidum како единствен лек за болните од рак. Гао Зои користел 134 пациенти со напреднат рак на различни органи на кои им било давано капсули со G. lucidum во доза од 1800 mg/ден во тек на 12 недели. Клеточниот имунитет во 80% од пациентите бил значително подобрен во однос на покачени плазматски интерлеукини IL-1, IL-6 и нивоата на интерферон γ (IFN-γ) како и активноста на природните клетки убијци. Овие резултати покажале дека антитуморната активност на Реиши е посредувана преку ефекти на имунолошкиот систем.
Здрав имунолошкиот систем може да се избори со малигните клетки., Т-клетките од човековиот организам можат да ги уништат клетките на ракот целосно и да го ослабат нивното делувањето врз здравите клетки. Озможувајки им на нормалните (здрави) клетки на имунолошкиот систем да ги препознаат и уништат сличните токсични супстанции – предизвикувачи на рак. Реиши ја спречува ангиогенезата (развој и раст на крвните садови кои го хранат ракот)
Во овој случај, мора да се отстрани циркулаторната блокада, да се подобри циркулацијата, да се изврши детоксификација и да се изгради посилно тело.
Реиши медицинските габи, се многу ефикасни во подобрувањето на циркулацијата на крвта. Тие ги отстрануваат циркулаторните блокади со своите тритерпеноиди и аденозин монофосфатите (amp) и  вршат чистење на наслагите во крвните садови.

Делување на медицинската печурка Реиши како антиалергенс

Зголемувањето на алергените во атмосферата и намалување на имунитетот на човековиот организам,поради начинот на живеење и конзумирање на храна со намалена или без нутритивна вредност, доведува до разни алергиски реакции кои го попречуваат нормалното функционирање на  човекот.
Кога „страно тело“ или алерген ќе навлезе во нашиот организам, нашиот имунитет се активира и ослободува антитела со кои го напаѓа и исфрла алергенот. Во нормални околности, количината на антитела е пропорционална на големината на инфекцијата.
Кога нашиот ослабен и дебалансиран имунолошки систем е нападнат од некој алергенс, имунолошкиот систем произведува многу повеќе антитела отколку што реално се потребни, тие антитела, го напаѓаат и страното тело но и ткивата во нашето тело. Симптомите на алергија вклучуваат: чешање, кивање, отежнато дишење. Лековите за потиснување на алергиски реакции помагаат само за кратко и имаат многу несакани ефекти. За целосно отстранување на проблемот, потребно е да се отстрани иритирачката материја од организмот, но и вишокот антитела кои ги произвел нашиот организам. Анализите на крв од пациенти кои страдаат од алергии покажале дека во нивната крв има преголема количина на антитела. 
За оваа состојба е одговорна несоодветната реакција на нашиот дисбалансиран имунитет. Хроничниот бронхит, бронхијална астма, дерматит, синусит, хепатит, нефрит итн. се најтешки за лечење. Тие се поврзани со алергии и најчесто се третираат со природен кортизон кој го произведува нашето тело. Ако нашето тело не произведува доволно кортизон,  се вметнува во организмот со кортизонски инјекции. Ако во телото се внесува премногу кортизон однадвор, ќе се намали функцијата на надбубрежната жлезда и во некои случаи ќе атрофира.
Реиши медицинскат габа содржи висока концентрација на ланостан ( LANOSTAN) кој ја смирува прекумерната активност на имунолошкиот систем, и го спречува да произведе прекумерна количина на антитела. Ја зајакнува и стимулира надбубрежната жлезда да го зголеми лачењето на хормони. Реиши медицинската габа  ја подобрува функцијата на надбубрежна жлезда, и со тоа ја нормализира состојба

Делување на медицинската печурка Реиши на    панкреасот и дијабетесот

Едно од заболувањата предизвикани од стресниот начин на живеење, неправилната исхрана, прекумерната телесна тежина и недостаток на телесна активност, доведуваат до појава на шекерна болес- Дијабет.
Дијабет настанува кога во организмот го нема доволно хормонот - инсулин. За да може да работи нашиот организам, мора да обезбеди неопходна енергија. Организмот ја добива оваа енергија, така што храната која ја прима ја разградува до гликоза, која понатаму главно ја користи за енергија. Овие процеси се случуваат во цревата и во црниот дроб, а се потпомогнати со одредени ензими.
Инсулинот преставува клуч кој што овозможува гликозата да навлезе преку sидот во внатрешноста на клетките. Ако нема доволно инсулин гликозата ќе се натрупува во крвта, клетките нема да имаат доволно енергија за нормална работа, а тие луѓе ќе се чувствуваат болни.
Инсулинот се произведува во панкреасот.
Панкреасот е  орган во човековото тело кој има две важни фукции:

  • произведува и лачи дигестивни сокови, кои помагаaт во варењето на храната,
  • произведува и лачи хормони (инсулин и глукагон), кои го регулираат нивото на шеќерот во крвта. Овие хормони помагаат организмот да ја складира и користи добиената енергија од храната.

Соковите кои помагаат во варењето на храната се создаваат во егзокрините панкреасни клетки (клетки со надворешно лачење), додека пак хормоните како што се: инсулинот и глукагонот се создаваат во ендокрините панкреасни клетки (клетки со внатрешно лачење).

Во моментов, современата медицина користи инсулински инјекции како единствен третман. Иако инсулинските инјекции се во состојба да го намалат нивото на шеќер во крвта, симптомите многу скоро се враќаат.
Во најновите истражувања на медицинскиот институт за истражување при универзитетот Kinki-Јапонија, се откри дека Реиши медицинските габи го има истиот ефект како и инсулинот. Со земањето на Реиши медицинските габи, не само што се дополнува инсулинскиот дефицит, туку му се помага на панкреасот да ја поврати својата првобитна функција, без да предизвика  никакви несакани ефекти за разлика од инсулинските инјекции.
Водо-растворливите полисахариди од Реиши медицинските габи го регулираат нивото на независниот инсулин кај дијабетисот. Реиши медицинските габи предизвикува зголемена потрошувачка на шеќерот во крвта и запирање на процесот на ослободувањето масни киселини во организмот.
Истражувањата докажале дека кај пациентите кои користеле од  Реиши медицинските габи, нивото на шеќерот во крвта се намалил за 49,1% , холестеролот за 30,1 %, а beta-lipo-протеините за 24,73%.

7 Делување на медицинската печурка Реиши врз црниот дроб
Сите материи кои се апсорбираат од цревата, преку крвта, одат во црниот дроб во кој се одигруваат бројни важни метаболни процеси, при кои доаѓа до синтеза на многу супстанции неопходни за нормална функција на организмот.
Црниот дроб е важен и за детоксикација на некои отровни материи. Во него се прочистуваат отровните материи од крвта.
Црниот дроб е важен и за регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта, како и за синтеза на повеќе белковини кои циркулираат во крвта.
Реиши медицинските габи се способни да го заштитат црниот дроб од оштетувања предизвикани од разни физиолошки и биолошки фактори. Ефектите од земањето на Реишимедицинските габиможат да се видат и пред и по чистењето на црниот дроб. Реиши медицинските габи се редовно препорачувани од страна на кинеските лекари при лечење на хроничен хепатитис. Резултатите од истражувањата во Јапонија, покажале дека земањето на Реиши медицинските габи во траење од 2-15 недели кај пациенти болни од хепатитис дава стапка на излекување од70–90%. Реиши медицинските габи се корисни за регенерација и подобрување наработата на   црниот дроб и лечење на хроничен хепатит.

 Делување на медицинската печурка Реиши врз  бубрежните заболувања
Бубрежната болест е една од најтешките болести за лекување. Таа вклучува акутен или хроничен нефрит, дијабетски бубрежен синдром, и нефроза. Тоа може да се должи делумно на високиот холестерол и високото ниво на шеќер. Во тие случаи бубрезите се преоптоварени. Нефрозни резултати се едем, задржување урина, замор и најверојатно сериозна уремија.
Проф. Фумио Цурудани(Fumio Tsurudan)i од Нагоја универзитетскиот медицински институт, Јапонија вршеше експерименти со пациенти кои страдаат од бубрежна болест за да ја провери ефикасноста на Реиши медицинските габи. Констатирал дека Реиши медицинските габи, не само што ја намалуваат proteinuria-та и cholesterolemia-та, туку може да воспостави и одржи нормална бубрежна функција.
„Врз основа на експерименталните резултати, бубрежната болест може значително да се подобри и дури и да се излечи со земање на Реиши медицинските габи. Тоа се навистина изненадувачки достигнувања.“ – Проф. Фумио Цурудани

9 Когнитивни пореметувања
Невролошки болести може да бидат едни од најболните и најнерешливи мистерии во здравјето на луѓето, а за когнитивни нарушувања како што е Алцхајмеровата или Хантингтоновата болест, не постои докажан лек. Сепак, истражувањето покажало дека екстракт од Реиши печурки може да го стимулира когнитивната активност и да овозможи некои невропротективни ефекти, особено во стимулирање на раст на нервите, што е клучен дел од здравјето на когнитивните функции.

Состав

Потентноста на Реиши медицинската печурка ја прави нејзиниот комплексен состав од над 400 различни биоактивни компоненти, 16 аминокиселини, протеини, масти,
витамини ( А, В, С, D, Е ), минерали и макроелементи ( Ge, Se, Fe, K , P, Ca, Na, Zn и Cu) од кои :

-полисахариди – ја зголемува активноста на имунолошките клетки макрофаги,лимфоцити и ја  подобрува апсорпцијата на шеќерот во крвта.

-тритерпеноиди – регулирање на висок крвен притисок, ги разложува тромбните наслаги, ги балансира липидите во крвта и делува релаксирачки на вегетативниот нервен систем    ( Lucidum- просветлувач на умот )

-антиоксиданс SOD (Superoxide Dismutase) –е природен ензим кој го забавува процесот на стареење.

- Германиум (Ge) – најсилниот природен антиоксиданс ( до 2000ppm), кислороден катализатор ( ја зајакнува способноста на крвотокот за пренесување на кислородот до клетките за повеќе од 1,5 пати ), го забрзува метаболизмот, врши детоксикација и ја враќа  енергијата.

- Селен (Se) – содржи 72mcg на грам реиши, потвреден е  како есенцијален минерал во комбинација со витамин C и Е претставува заштита од срцеви заболувања, ја подобрува работата на црниот дроб, го спречува таложење на маснотии и токсини, важен во борба против рак ,тумори, како и Сида /ХИВ исто така  ја подобрува и потенцијата и сексуалната моќ кај мажите, состојбата на косата, кожата и очите.

- Витамин Е – Важен антиоксидант кој го го успорува стареењето и го зајакнува организмот во борба против инфекции,бактерии и вируси.Храна богата со витамин Е : интегрални житарки и билни масла.
Каротеноиди – Се познати антиоксиданти кој помагаат во зајакнување на имунитетот, го стимулираат производството на лимфоцити кои се борат против сите инфекции.Најдобар извор на каротеноиди се:црвено,жолто и портокалово овошје и зеленчук(морков,домат,тиква.Четири важни бета-каротеноиди се:бета-каротен,ликопен,лутеин и зеаксантин кој го штитат организмот од болести.

сл.1 Реиши габа (Ganoderma lucidum)

сл.2 Јан Ди Шенонг

сл.3 Слика на дворска дама со Реиши во раката,династија Минг

сл.4 Руи

сл.5 Столб на Тианан ман плоштадот - Пекинг